Успешно одржан вебинар: Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди
На 7 август 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно го одржа вебинарот „Важноста на менторството преку поддршка и рушење на родовите предрасуди“, втор во серијалот на NIH вебинари во рамки на проектот STREAM IT. Овој вебинар беше насочен кон образовни и истражувачки институции, невладини организации и кон сите девојки и млади жени заинтересирани за кариери во STE(A)M областите.

Вебинарот даде увид во силата на менторството како клучна алатка за личен развој, професионален напредок како и механизам за справување со родовата нееднаквост. Преку споделување на добри практики во образованието, настанот ги истакна начините на кои можеме да градиме поправедно и поинклузивно општество.

Теми опфатени на вебинарот
- Менторството како алатка за личен и професионален развој – Значењето на менторската поддршка во градењето на самодоверба, развивањето на вештини и надминување на предизвиците со кои се соочуваат девојките и младите жени.
- Важност на младинското учество во борба против родовите предрасуди – Спротивставување на родовите стереотипи, како и дискусија за активностите кои ги поттикнуваат младите да бидат дел од промените за општество во кое секој поединец ќе има еднакви можности.
- Добри практики во образованието – Примери од секојдневието кои послужија како доказ дека со активен пристап за поддршка и мотивирање на девојките, возможни се позитивни промени.



Гостин говорник на вебинарот беше Теодора Милеска, проектна офицерка во Стела Мрежа, која со своето искуство во активизмот успеа да ги мотивира и охрабри учесници активно да се вклучат во борбата против родовиот бариери.
Исполнет со добри практики, лични искуства и инспиративни примери, вебинарот јасно покажа како менторството и поддршката можат да ги отворат вратите кон безброј можности. Учесниците заминаа мотивирани и охрабрени, со визија за тоа како заеднички може да се надминат родовите бариери во науката и технологијата, градејќи иднина во која талентот и посветеноста се единствените мерила за успех.



Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.
Доколку го пропуштивте вебинарот, снимката може да ја погледнете на следниот линк:
https://youtu.be/AxfiFX69Bvs?si=TuqNgu5y0gnBlzXV