Успешно одржан вебинар: Науката како патоказ: Добри практики во STE(A)M
На 29 јули 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување успешно организираше вебинарот „Науката како патоказ: Добри практики во STE(A)M“, прв вебинар од серијалот на NIH вебинари во рамки на проектот STREAM IT, наменет за образовни и истражувачки институции, невладини организации и за сите девојки и млади жени кои се заинтересирани за кариери во STE(A)M областите.

Главната цел на вебинарот беше да ги инспирира девојките и младите жени да го препознаат и развијат својот потенцијал во STE(A)M, преку промовирање на родово инклузивни кариерни патеки, зголемување на присуството на таленти во STE(А)M секторите и насочување кон STEM професиите на идните генерации.

Теми опфатени на вебинарот
- Науката како водилка во личниот и професионалниот развој – Преглед на тоа како научниот пристап и кариерата во науката придонесуваат за личен раст, поткрепена со инспиративни примери и приказни од гостин говорникот кон охрабрување на младите, особено девојките.
- Добри практики во STE(A)M – Претставување успешни иницијативи, програми и менторски практики кои промовираат родова еднаквост, ги градат самодовербата и мотивираат млади жени во науката и технологијата.
- Научни достигнувања од вселената и нивна примена во образованието и секојдневието – Адаптација и примена на знаења и технологии од вселенските истражувања во научните истражувања и решавањето секојдневни предизвици.



Наш говорник беше Мартина Димоска, основачка и претседателка на International Space Alliance (ISA), која преку своето богато искуство во науката и вселенските истражувања ги мотивираше и инспирираше сите учесници.
Овој вебинар преку истакнување на примерите, советите и личните искуства на говорничката им помогнаа на учесниците да ја согледаат STE(А)M како достапна, инспиративна и возбудлива опција за нивната иднина.

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности во насока на остварување на оваа цел.
Доколку го пропуштивте вебинарот, снимката може да ја погледнете на следниот линк: https://youtu.be/l2IWDx2fr0A?si=HJTRpEyi1KwDJLG_