1

Успешно одржан вебинар: Емоционална интелигенција и еднаквост во наставата – клучни алатки за поддршка на девојките во STE(A)M

На 27 ноември 2025 година, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување, во рамки на проектот STREAM IT, успешно го реализираше вебинарот „Емоционална интелигенција и еднаквост во наставата – клучни алатки за поддршка на девојките во STE(A)M“, како дел од серијалот на вебинари на Националната инспиративна мрежа.

1

Овој шести по ред вебинар беше наменет за образовните и истражувачките институции (основно, средно и високо образование), невладиниот сектор, како и за сите девојки и млади жени заинтересирани за STE(A)M областите.

5

Главната цел на вебинарот беше да се истражи улогата на инклузивната настава, емоционалната интелигенција и методите за активно учење во поттикнување на девојките да се вклучат и напредуваат во STE(A)M. Преку практични примери, учесниците дознаа како наставниците можат да препознаваат стереотипи, да градат позитивна и мотивирачка училница и да користат стратегии што ја поттикнуваат емпатијата, самодовербата и активното учество.

2

Теми опфатени на вебинарот:

  • Инклузивна и родово сензитивна настава
  • Улогата на емоционалната интелигенција и развојот на социо-емоционални компетенции
  • Активни методи на учење и пристапи за охрабрување на девојките во STE(A)M
  • Примери од праксата и едукативни интервенции што покажуваат резултати
3

Посебен гостин на настанот беше Проф. д-р Ѓорѓина Ќимова од ИН Асоцијација – редовен професор од областа на педагогија и едукатор за личен и емоционален развој. Таа сподели практични совети, инспиративни примери од својата работа и конкретни препораки за создавање рамноправни и поддржувачки образовни средини.

14

Вебинарот уште еднаш покажа дека инклузивното образование и емоционалната интелигенција се клучни двигатели за поголема застапеност на девојките во STE(A)M – области во кои талентот и потенцијалот можат целосно да се развијат кога постои соодветна поддршка. Споделените знаења и искуства поттикнаа важен дијалог, отворајќи пат за понатамошни активности и соработка.

15

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост, дигиталната инклузија и иновациите, и најавува нови активности во насока на поддршка и оснажување на жените во дигиталната економија.

Доколку го пропуштивте вебинарот, снимката може да ја погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=kqeQuI2HazQ

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!