Успешно одржан Bootcamp во рамки на Менторската програма за научна комуникација STREAM-IT
На 15 јануари 2026 година се одржа воведниот Bootcamp на Менторската програма за научна комуникација, дел од европскиот проект STREAM-IT. Настанот ги собра 12-те избрани млади научници и истражувачи од STEM областите, кои во наредните шест месеци ќе работат на развивање вештини за ефективна и инспиративна комуникација на науката.

Денот започна со воведно обраќање на организаторите, кои ги презентираа целите и структурата на програмата. Особено внимание беше посветено на значењето на научната комуникација и улогата на менторите во професионалниот развој на учесниците. Потоа следеше запознавање со менторите – искусни професионалци кои ќе обезбедуваат индивидуална и групна поддршка низ целата програма.
По кратко тематско предавање за основите на научната комуникација, учесниците преминаа кон практичниот дел на денот. Секој од нив ги презентираше своите истражувања во форма на мини-презентации, а потоа доби конструктивен фидбек од менторите, што беше одличен старт за меѓусебно запознавање. Настанот заврши со краток осврт на денот и дискусија за следните активности во програмата.

Во наредните месеци, младите научници ќе продолжат да ги развиваат своите комуникациски вештини преку менторство и практични вежби. Целта е подготовка за националниот натпревар во научна комуникација во мај 2026, каде победникот ќе ја претставува Македонија на меѓународниот натпревар во Будимпешта во јуни 2026.

Овој Bootcamp постави солидна основа за успешна менторска програма која ќе им помогне на младите научници да ја доближат науката до јавноста на инспиративен, разбирлив и современ начин.Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбед



