Обука: Еколошки аспекти во Вашето претпријатие – ПРИДОБИВКИ И МОЖНОСТИ

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамките на проектот GREEN, во соработка со партнерите Центар за промоција на одржливи замјоделски практики и рурален развој ЦеПроСард, Скопје и Здруженијата  на прехрамбена индустрија и индустријата на градежни материјали при Стопанската комората на 6-ти Април 2011 одржа еднодневна обука  во Стопанската Комора на Македонија, на темата:

ЕКОЛОШКИ АСПЕКТИ ВО ВАШЕТО ПРЕТПРИЈАТИЕ – ПРИДОБИВКИ И МОЖНОСТИ.

Outdoor-Office-Environment-754x430_3

На обуката беа присутни претставници од претпријатијата од прехранбената индустрија, индустријата за градежни материјали и други индустрии.

На обуката беа покриени следните тематски области: Вовед во законските обврски поврзани со заштитата на животната средина, потреби од мерења и корелација со други закониски обрвски, можности за искористување на ИПАРД програмата, карактеристични емисии по медиуми од секторите, нивните влијанија врз животната средина, добри практики и примена на мерки за заштита на околината, процедурите во случај на хаварија или инцидент, управување со отпад-со практична вежба, како и можности за подобрување на перформансот на претпријатијата врз животната средина преку концептот на одржливо управување, воведување на еколошките менаџмент системи и зголемување на општествената одговорност.

Учесниците ја оценија обуката многу позитивно и изразија интерес за понатамошни обуки во кои ќе се третираат еколошките аспекти на работењето на нивните претпријатија. Обуката беше одлична можност за размена на искуства меѓу претпријатијата и за размена на контакти и можности за идна соработка.