STEM Discovery Lab – програма за откривање на иднината во STEM
STEM Discovery Lab е едукативна и инспиративна програма наменета за девојчиња, која има за цел да ги доближи науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката (STEM/STEAM) на практичен, креативен и охрабрувачки начин. Програмата им помага на учесничките да изградат самодоверба, критичко размислување и позитивен однос кон STEM областите, како и да ја препознаат својата улога во дигиталната и технолошката иднина.



Што опфаќа програмата?
STEM Discovery Lab е осмислена како серии од сесии и работилници, кои комбинираат:
- интерактивно учење,
- работа во мали групи,
- практични експерименти,
- креативно размислување,
- и поврзување на STEM со реални животни ситуации.
Фокусот не е на „точни одговори“, туку на процесот на учење, поставување прашања, пробување, грешење и подобрување.

Досега реализирани сесии
Сесија 1: „Мојот STEM свет“
Во првата сесија, учесничките преку дискусија и креативни активности истражуваа што за нив значи STEM, како се соочуваат со предизвици и како го доживуваат учењето и успехот. Преку создавање на лична „STEM persona“, девојчињата ги мапираа своите интереси, таленти и стравови, и го доживеаја STEM како нешто блиско, пријателско и достапно. Сесијата заврши со креативен симбол што им останува како мотивација и надвор од програмата.




Сесија 2: STEM експерименти и реални предизвици
Втората сесија беше целосно практична и интерактивна. Преку групна работа, учесничките:
- истражуваа како функционира вештачката интелигенција и што ја разликува човечката од машинската интелигенција,
- учеа алгоритамско размислување преку секојдневни задачи,
- анализираа податоци и носеа одлуки базирани на нив,
- и креираа STEM решенија за реални проблеми од нивното секојдневие.
Преку овие активности, девојчињата научија дека STEM е начин на размислување и алатка за подобрување на светот околу нас.
Што следува?
Програмата STEM Discovery Lab продолжува со уште неколку сесии и тематски работилници, кои ќе навлегуваат подлабоко во различни STEM и STEAM области, ќе овозможат средби со инспиративни улоги-модели, практични проекти и дополнителни можности за истражување на образовни и кариерни патеки во STEM. Оваа програма е дел од проектот STREAM IT кој Фондација за Менаџмет и индустриско истражување го спроведува во конзорциум со 21 партнери од 20 различни земји. Во спроведувањето на работилниците МИР фондација оствари соработка со Startup Club Skopje кои го поддржаа целиот процес во имплементација на работилниците.
📢 Следете ја нашата веб-страница и комуникациски канали, каде редовно ќе објавуваме информации за:
- наредните сесии,
- нови активности и работилници,
- и можности за вклучување во програмата.
STEM Discovery Lab е простор каде девојчињата учат дека имаат право да прашуваат, да експериментираат и да ја градат својата иднина во STEM – со љубопитност, самодоверба и поддршка.

