Спроведена обука на тема: ,,Правата од интелектуална сопственост и вашиот бизнис”
Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во рамки на мрежата Enterprise Europe Network, со поддршка на Совет за женско претприемништво на Град Скопје спроведе обука на тема: ,,Правата од интелектуална сопственост и вашиот бизнис” на 31 мај 2023 година.
Земајќи во предвид дека интелектуалната сопственост е една од клучните акции за стартап бизнисите и малите и средните претпријатија, ја креиравме оваа обука со цел да зборуваме отворено со претставниците на бизнис заедницата за нови вредности и нови начини за монетизација на тие вредности.
На оваа обука учениците имаа можност да научат како да препознаат, заштитат и управуваат со нивните средства за од интелектуална сопственост, и како истите може да им помогнат да создадат дополнителен приход за нивните компании или претприемачки бизниси. Преку интерактивна презентација и практични меѓународни примери, домашно и меѓународно законодавство, студии од реален случај и употреба на сценарија предавачот Гого Рафајаловски работеше неколку часа со учесниците при тоа доловувајќи ја поблиску оваа тема.
Преку оваа тема учесниците се запознаа со можностите како да:
• ги зголемат нивните шанси за добивање инвестиции
• заштитат сопствените производи и услуги од конкуренцијата
• рапидно да го зголемат својот пазарен удел
• создадат стратешки партнерства и заеднички вложувања
• ги зголемат ги нивните шанси за преговарање / преземање од поголеми корпорации
• успешно се подготват за IPO – иницијална јавна понуда на акции на берза
• ги зголемат шансите за брз раст и развој
• имаат можност за создавање мултимилионски бизнис
Фондација за менаџмент и индустриско истражување организира различни видови на обуки во рамките на мрежата Enterprise Europe Network кои се бесплатни и достапни за сите заинтересирани претприемачи.