306923484 852703506112965 4643506643822780316 N

Реализирана студиска посета на делегација од Македонија во Република Србија

Од 13ти до 15ти Септември се организираше тридневна студиска посета на Република Србија и српските партнери кои работат на зголемување на вработливоста во секторите земјоделство, занаетчиство и рурален/агро туризам.

25 претставници на општинските раководства од Општина Куманово и Старо Нагоричане, претставници на Комората на занаетчии, Здружение Пчела како и индивидуални пчелари и занаетчии од општините Куманово и Старо Нагоричане, беа во посета на општините Сурдулица, Лебане и Власотинце во Србија. Целта на посетата беше да се посетат различни модели на добра пракса и здружување во локалното производството и преработка на храна и одржување на локалното традиционално занаетчиство. Воедно, делегации на вклучените општински раководства остварија заеднички средби на кои разговараа за поддршката на локалните иницијативи за економски развој и можностите за прекугранична соработка.

Студиските посети се организираат во рамки на проектот „Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените области“ кој е финансиран од Европска Унија и ИПА 2 програмата за прекугранична соработка Р.Србија-Р.С. Македонија 2016-2020. Проектот го имплементираат Национална алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Белград, Здружение на жени Ружа од Лебане, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) од Скопје и Граѓански Центар Активум од Куманово.