Проектот „POLICY ANSWERS“ им обезбеди на креаторите на политиките и на државните службеници во Македонија обука за креирање политики и координација
На 12 април 2023 година на зум се одржа обука за креирање политики и координација наменета за државни службеници во и креатори на политиките. На обуката присуствуваа вкупно 18 претставници од 7 јавни институции. Оваа активност е имплементирана во рамките на целните активности за градење капацитети (Работен пакет 3 од проектот) во Македонија (Задача 3.5) кои се координирани од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување од Скопје (МИР) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Активноста се спроведува како дел од работната програма „Градење капацитети и имплементација во Македонија“ развиена врз основа на претходно спроведена проценка на потребите со цел да се зајакнат локалните напори во Западен Балкан за поддршка на креирањето политики и спроведувањето на програмата на „ Агенда на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“.
Оваа обука им овозможи на учесниците да:
– да се запознаат со основните концепти и дефиниции за јавната политика, принципите за креирање јавни политики и најкористените инструменти;
– да се разгледаат различните чекори/фази во циклусот на јавните политики;
– да се разговара за засегнатите страни/актери вклучени во процесот во нивните специфични сектори (истражување, образование, култура, млади и спорт);
– да се запознае со процесот на креирање јавни политики во национален контекст и усогласување на политиките со стратешкото и фискалното планирање, клучните национални акти и европското законодавство;
-да работат на конкретни примери каде што стекнатото теоретско знаење ќе го искористат во пракса и ќе го поврзат со секојдневните работни активности, за да ја согледаат корисната вредност и применливоста на обуката.
Обуката им обезбеди на учесниците теоретско знаење, истовремено овозможувајќи им да работат во групи и да размислуваат за стручноста достапна во оваа област.
Настанот беше организиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Фондот за иновации и технолошки развој како дел од проектот „POLICY ANSWERS” финансиран во рамки на програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија. Преку спроведување на активностите на овој проект, МИР фондација и ФИТР преземаат водечка улога во унапредување на националниот и регионалниот иновациски екосистем, со цел вклучување на националните чинители во заедничкиот европски пазар.
Проектот го поддржува политичкиот дијалог, вклучувајќи формални состаноци, мониторинг и поставување агенда, градење капацитети и имплементација на агендата на ЕУ за Западен Балкан, како и усогласување на тематските приоритети. Ќе спроведе регионални пилот активности и ќе го надгради информативниот центар базиран на платформата www.westernbalkans-infohub.eu. 14 партнерски организации, кои ги претставуваат мрежните јазли во регионот и експертските организации на ЕУ, го поддржуваат политичкиот дијалог преку министерски состаноци, состаноци на Управувачката платформа и ад-хок состаноци за политики. Тие обезбедуваат аналитички докази преку активности за следење и мапирање (на екосистемот на засегнатите страни, имплементација на агендата за Западен Балкан и интеграција во Европската истражувачка област).