Mentor porgram (3)

Повик за учество: Менторска програма за градење капацитети за научна комуникација

STEM областите – наука, технологија, инженерство и математика – се двигател на иновациите и развојот во светот. Но за да имаат вистинско влијание, научните знаења мора да се пренесуваат на јасен, креативен и инспиративен начин. Во време кога информациите се движат со огромна брзина, научниците имаат нова улога – да бидат и ефективни комуникатори, пренесувајќи ги своите идеи и откритија на начин што допира до пошироката јавност.

Со таа цел, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување објавува повик за учество во Менторска програма за градење капацитети за научна комуникација, која е дел од европскиот проект STREAM-IT. Програмата има за цел да им помогне на младите научници да ги претворат своите истражувања во јасни и инспиративни пораки и да ги усовршат вештините што им се потребни за понатамошен професионален развој.

Mentor porgram (3)

Зошто да се пријавите?

Научната комуникација не е само јавен настап или убаво формулирана презентација – тоа е начин да се создаде врска меѓу науката и луѓето, меѓу фактите и инспирацијата.

Преку оваа програма ќе научите:

  • како да го претставите своето истражување на јасен, инспиративен и креативен начин – без оглед дали зборувате пред колеги, публика или медиуми;
  • како да изградите самодоверба и личен бренд во науката;
  • како да ги усовршите презентациските и комуникациските вештини преку практични сесии и фидбек од искусни ментори;
  • како да се поврзете со научната и професионалната заедница и да создадете мрежа за поддршка и идни можности.

Структура на програмата

Програмата ќе се одвива од јануари до јуни 2026 и ќе опфати вкупно 40 часа менторство, организирани како комбинација на групни сесии и индивидуални средби. Со тоа секој учесник ќе добие директна поддршка и практична работа со искусни ментори.

Првиот настан, односно bootcamp, е закажан за 15 јануари 2026, кога учесниците ќе се запознаат со програмата, менторите и останатите учесници.

На крајот на програмата, учесниците ќе се подготват за национален натпревар во научна комуникација (мај 2026), а победникот ќе учествува на меѓународниот натпревар во Будимпешта ( јуни 2026).

Кој може да аплицира?

Програмата е наменета за студенти од различни степени на студии и истражувачи од научноистражувачки институции од STEM областите кои се подготвени активно да учествуваат во сите активности на програмата.

Само 12 учесници ќе добијат можност да учествуваат во оваа уникатна програма.

Како да аплицирате?

📌 Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк, најдоцна до 05.12.2025 година.
Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 14.12.2025 година.

Проектот ST(R)E(A)M IT има за цел да иницира промени во однос на постојаните родови нееднаквости во STEM образованието, истражувањето и иновациите, со што ќе придонесе за спроведувањето на „Европскиот манифест за родово-инклузивно STE(A)M образование и кариери.“ Проектот има за цел да ги надмине бариерите и предизвиците со кои се соочуваат недоволно застапените групи во STEM. Фокусот е на развој на иновативни, родово и диверзитетно инклузивни алатки за едукација на младите, особено на девојчињата. Дополнително, проектот има за цел да ги мобилизира засегнатите страни од различни сектори на STEM образованието и екосистемот за истражување и иновации, за да создаде одржливи мрежи кои ќе обезбедат континуирана поддршка за STEM едукаторите.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!