Пичинг мастерклас – Усовршување на уметноста на убедливата презентација

Во рамките на програмата EWA – Empowering Women in Agrifood 2025, на 29 и 30 септември во Public Room, Скопје, се одржа дво-дневната интензивна обука Пичинг мастерклас, организирана од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР).
Настанот беше наменет за жените претприемачки од агро-прехранбениот сектор кои се дел од EWA програмата и имаат за цел да ги претстават своите иновативни идеи пред инвеститори, ментори и потенцијални партнери. Преку комбинација на практични работилници, интерактивни вежби, симулации и менторска поддршка, учесничките добија можност да ги усовршат своите пич-презентации и да стекнат вештини, техники и самодоверба неопходни за успешно презентирање пред публика.






Главната цел на Пичинг мастеркласот беше да им овозможи на учесничките да изградат јасна, впечатлива и уверлива комуникација на своите бизнис идеи. Преку внимателно структурираната програма, тие научија:
- како да го дефинираат и визуализираат својот бизнис модел Canvas,
- што ги привлекува инвеститорите и кои елементи го прават бизнисот атрактивен,
- како да изградат приказна со влијание користејќи storytelling техники,
- како да развијат лична комуникациска самодоверба и сценско присуство,
- и кои се клучните грешки што треба да се избегнат при pitching.





Првиот ден беше посветен на разбирање на структурата на успешен пичинг, преку анализа на проблемот, решението, пазарот, моделот, тимот и инвестиционите потреби. Вториот ден имаше практичен фокус – учесничките работеа индивидуално со ментори, ги тестираа своите презентации во симулирани услови и добиваа повратни информации од професионалци.

Сесиите беа реализирани во соработка со искусниот тим на ЗЕФИР КАПИТАЛ:
Гого Рафајловски, Наташа Велковска и Игор Мишевски, кои преку динамична методологија и реални примери им помогнаа на учесничките да ја усовршат содржината и изведбата на своите презентации. Тимот на МИР ја модерираше целата обука и создаде инспиративна и поддржувачка атмосфера која ја поттикнуваше соработката, размената на искуства и вмрежувањето меѓу учесничките.









Вториот ден беше посветен на практична примена на наученото. Секоја учесничка имаше можност да ја претстави својата четириминутна презентација и да добие конструктивна анализа насочена кон јасност, комуникација, структура и привлечност за инвеститори.
Тренерите обезбедија индивидуални совети и насоки за подобрување, помагајќи им да изградат силен настап и препознатлив бренд зад својата идеја.









Оваа сесија исто така овозможи нови можности за вмрежување со менторите од EWA програмата, размена на искуства и инспирација за следниот чекор – финалниот пичинг ден.
Пичинг мастерклас претставуваше клучна подготовка за завршниот дел од EWA програмата, финалниот пичинг настан, кој ќе биде можност за жените претприемачки да ги претстават своите решенија пред експертска публика, инвеститори и потенцијални партнери.



Со оваа обука, учесничките не само што стекнаа конкретни алатки и техники за презентација, туку и самодоверба, јасност и визија за следниот чекор во нивниот претприемачки пат.
Преку активности како оваа, програмата EWA – Empowering Women in Agrifood, поддржана од EIT Food и спроведена од МИР, продолжува да ја гради заедницата на жени-инноваторки во агро-прехранбениот сектор, да го поттикнува нивниот претприемачки дух и да создава можности за одржлив раст и развој.
