Одржана EWA Инфо-сесија за усовршување на вештини за успешен pitch: Pitch Troubleshooting Day
Во рамките на програмата за поддршка на женското претприемништво во земјоделството, на 20 октомври 2025 година се одржа онлајн Инфо сесија за усовршување на вештини за успешен pitch: Pitch Troubleshooting Day.

Предавач на сесијата беше Ѓорѓина Ристовска, дипломиран економист во областа на менаџмент и ко-основач на health-tech стартапот ДИА (Дијабетес Интелегентен Асистент) – иновативно АИ решение за менаџмент на дијабетес. Со повеќе од две години активно искуство на стартап сцената, Ристовска сподели практични согледувања за тоа што го прави еден pitch успешен и како да се изгради приказна што остава впечаток.

Сесијата имаше за цел да им помогне на учесничките да го усовршат начинот на кој ги презентираат своите идеи – не како извештај, туку како приказна што инспирира. Ристовска истакна дека успешниот pitch не е само презентација, туку можност да ја пренесеш својата страст, визија и верба во решението што го создаваш.

Особен акцент беше ставен на важноста на разбирањето на публиката, прилагодувањето на пораката и создавањето на логичен тек што ја води публиката кон јасна цел.

Ристовска сподели корисни совети за тоа како да се користи визуелен материјал, како да се задржи вниманието и како да се избегнат најчестите грешки при pitching.
Се на се, сесијата им даде насоки на учесничките за усовршување на нивните pitching вештини и служеше како подготовка за идни успешни настапи.
👩🌾 Што всушност претставува програмата EWA?
Empowering Women in Agrifood (EWA) е европска програма која им помага на жените претприемачки во агро-прехранбениот сектор да ги развијат своите иновативни идеи – не само преку финансиска поддршка, туку и преку стручни обуки, менторска поддршка и можности за вмрежување. Програмата е насочена кон жени во рана фаза од претприемничка кариера, обезбедувајќи им пристап до релевантно знаење и контакти кои им се неопходни за развој на одржлив и успешен бизнис.
Локален партнер на програмата е Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) – фондација која активно работи на поттикнување на иновации, трансфер на технологии и унапредување на родовата еднаквост во претприемништвото и истражувањето. Преку своите активности, Фондацијата:
- Истражува и иновира за поддршка на одржлив раст
- Соработува со претпријатија за пристап до глобални пазари
- Промовира еко-иновации и нови деловни можности
- Поттикнува социјална кохезија и инклузивен развој
За првпат оваа година, програмата EWA се спроведува во Македонија токму преку Фондација за Менаџмент и индустриско истражување – чекор напред во поддршката на женското претприемништво и иновативниот агро-прехранбениот сектор.






