Обука за политики за локален економски развој во општините Куманово и Старо Нагоричане
Локалниот економски развој (ЛЕР) значи повеќе од само економски раст. Со ЛЕР се промовира учеството и локалниот дијалог, поврзувањето на луѓето и нивните ресурси за подобро вработување и повисок квалитет на живот на сите во заедницата. А улогата на општинскиот персонал во ефективното дизајнирање и спроведување на политиката за ЛЕР е секако клучна. Единиците на локална самоуправа вложуваат сé повеќе напори во континуираното градење на вештини и експертиза за политиката за ЛЕР како дел од нивните програми за развој на човечките ресурси.
Општините Куманово и Старо Нагоричане се посветени на подобрување на локалните услови за социо-економско зајакнување на своите граѓани, активно дизајнирајќи планови за локален развој и стремејќи се кон повеќе можности за вработување. Ова дополнително се потврдува со нивната силна поддршка за имплементацијата на прекуграничниот проект Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените подрачја’, кој ги опфаќа и српските општини Лебане, Власотинце и Сурдулица, проект имплементиран од Фондацијата за менаџмент и индустриски во партнерство со НАЛЕД, Здружение на жени „Ружа“ (Србија) и Цивилен центар „АктивУм“ (Македонија).
Во моментов, проектот спроведува 4-дневна обука за развој на капацитетите за политиките за ЛЕР на општинскиот персонал од Куманово и Старо Нагоричане, каде што ќе бидат разгледани релевантните аспекти на планирање, имплементација, мониторинг и евалуација на политиките. Комбинирајќи ги теоретските концепти со практични примери, обуката ќе придонесе за понатамошно подигнување на вештините за политики, вештини кои учесниците ќе можат да ги применат во пракса во нивните секојдневни активности поврзани со јавната политика. Обуката се спроведува од страна на искусни ЛЕР експерти од организацијата Рурална Коалиција, вклучувајќи повеќе од 12 претставници од двете општини. Обуката во Куманово беше спроведена на 22ри, 24ти февруари и 01ви, 3ти март, додека во Старо Нагоричане на 01ви, 4ти, 7ми и 8ми март 2022 година.
Проектот го заврши мапирањето на ресурсите и потенцијалите на целниот прекуграничен регион, а во следните чекори фокусот ќе биде ставен на дефинирање и спроведување конкретни мерки за локален економски развој. Имплементацијата на проектот се врши во тесно партнерство со сите вклучени општини, покажувајќи ја дополнително нивната посветеност кон создавање подобри локални услови за сите граѓани.