Обука за интернационализација на бизниси за жени претприемачки во Струмица!
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) во рамките на проектот „WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” организира еднодневна обука за интернационализација на бизниси во Струмица.
Обуката ќе се одржи на 17 септември 2024 година (вторник) во Хотел Вила Парк – Струмица со почеток од 10:30 часот и истата е наменета за жени претприемачки кои ќе имаат можност да стекнат знаења за интернационализација на сопствените бизниси и осознаат алатки кои им се потребни за успешно да се вклучат и да напредуваат на глобалниот пазар. Покрај тоа, претприемачките ќе можат и да се вмрежат меѓу себе и разменат искуства, добијат практични совети и стратегии за надминување на предизвиците на интернационализацијата и максимално искористување на глобалните можности.
Обуката ќе ја води г. Михаил Китановски, експерт за интернационализација и синџири на вредност и на истата ќе бидат адресирани следните клучни теми:
📈 Методи и алатки за интернационализација;
💡 Стратегии за проценка на пазарот;
🔍 Тактики за преговарање со потенцијални деловни партнери;
🗣 Деловна комуникација со потенцијални партнери.
Пријава за учество на обуката се врши со пополнување на следниот формулар : https://forms.gle/m3CbnETVU8JN8i8MA
Обуката за интернационализација на бизниси е поддржана во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.
Иницијативата “WE GO INTERNATIONAL & INCLUSIVE” е сеопфатна програма дизајнирана да ги опреми жените претприемачки со основни знаења и алатки за проширување на нивните бизниси на меѓународно ниво, преку едукација, инспирација и поддршка во нивното учество на глобалниот пазар, истовремено промовирајќи ја родовата еднаквост во приватниот сектор и синџирите на вредност. 🌐💼 Во рамките на истата се таргетираат значајните бариери со кои се соочуваат жените претприемачки во процесите на раст и развој на своите бизниси, како што се ограничениот пристап до вештини, пазари, мрежи, финансии и услуги за поддршка, особено во извозните активности каде што е евидентен родовиот јаз. Преку состаноци со претставници на корпоративниот сектор во земјата и странство, курсеви и обуки за синџири на вредност и подобар пристап до финансии, како и можност за презентирање на нивните бизниси пред инвеститори, целта е жените претприемачки да напредуваат на глобално ниво.