Обука: Мониторинг и евалуација на политики
Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Мониторинг и евалуација на политики“, која ќе се одржи на 13-ти април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.
Пријавување на учесници на следниот линк! Рок за пријавување на учесници е 12.04.2018, до 10.00ч. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.
На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.
Ова е првата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Останатите обуки кои ќе бидат организирани во наредниот период се на следните теми:
- Иновациска политика и евалуација
- Методологија за истражување на политики & креирање на документи за јавни политики
- Дизајн на Smart Specialisation strategy
- Циркуларна економија: политики и практики
- Индустриска политика базирана на докази
Дел од обуките ќе ги водат странски експерти со цел трансфер на знаење и практики од Европските земји.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.