Национална платформа за женско претприемништво организира вебинар на тема: ,,Поддршка на жените претприемачи во областа на зелената и дигиталната транзиција”
Националната платформа за женско претприемништво организира вебинар насловен ,,Поддршка на жените претприемачи во областа на зелената и дигиталната транзиција’’, кој ќе се одржи во среда (22/03/2023 година), со почеток од 11:00 часот.
Признавајќи дека најмоќното знаење за женско претприемништво е во самиот сектор, сакаме да ги прикажеме и споделиме експертизата и искуството на соработниците на Националната платформа за женско претприемништво кои работат во Европа и преку различните иницијативи кои тие ги имаат да ве мотивираме и инспирираме со нивните успешни практики.
Вебинарот преку интерактивен разговор ќе се осврне на темата женско претприемништво и успешни практики во областа на зелената и дигиталната транзиција. Дигиталната и зелената трансформација носат многу придобивки за жените претприемачи кои се подготвени да прифатат промени, да го дематеријализираат пазарното растојание, да го елиминираат влезот и бариерите на некои пазари и отворање нови можности за компаниите. Пандемијата COVID-19 ни наметна нов начин на корпоративно работење со воведување на многу нови дигитални алатки кои можат да бидат ”пријатели на бизнисот”. Благодарение на дигитализацијата, информациите стануваат лесно достапни за употреба на различни платформи, уреди и интерфејси. И тоа е дигиталниот свет во кој денес живееме. Непишано правило е дека секојдневно се соочуваме со нови техники и алатки кон поуспешна зелена транзиција во нашите компании. Токму затоа денес во рамките на вебинарот отворено ќе разговаравме за предизвиците и можностите со кои се соочуваат сите чинители во претприемачкиот еко систем во овој дигитален и зелен свет, со посебен осврт кон жените претприемачи.
Преку овој вебинар дознајте дали го имате она што е потребно за успех и долгорочен напредок во полето на женско претприемништво и поддршката која ви е потребна во областа на зелената и дигиталната транзиција. Вебинарот нуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.
Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на Национална платформа за женско претприемништво за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. Националната платформа за женско претприемништво се спроведува од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија.
Не ја пропуштајте оваа прилика и бидете дел од овој вебинар.
Повеќе информации за говорниците и РЕГИСТРАЦИЈА за настанот на следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_Ej8OMt2-TgWrRMwnqoskng
Запознајте ги панелистите:
Katerina Gkani/Директор на 1. Женска енергетска задруга во Европа
Катерина е директор на првата женска енергетска задруга во Европа, WEnCoop добитник на национални и европски награди, од категоријата „Зелена транзиција“, во Европските награди за промоција на претпријатија – EEPA 2022, и е одговорна за Секретаријатот на Грција Здружение на жени претприемачи – СЕГЕ. Дипломирала на Катедрата за меѓународни и европски економски студии на Универзитетот Македонија и ја има завршено онлајн програмата за дигитален маркетинг на Grow with Google. Таа има завршено стажирање во Занаетчиската комора на Солун, како административен вработен во Секретаријатот на претседателот, во Одделот за производство и услуги, статистика, истражување и односи со јавноста.
Leila Maidane/ Социјален претприемач
Леила е социјален претприемач фокусирана на зајакнување на луѓето преку технологијата. Таа ја започнала својата кариера во ИТ консалтинг каде што водела меѓународни проекти за дигитална трансформација пред да одлучи целосно да се посвети на своето претприемачко патување. Таа ја основала Femmes Fières во 2017 година за да ги поттикне жените претприемачи да ја обликуваат иднината благодарение на технологијата, му се придружила на MolenGeek како КОО во 2019 година за поддршка на компанијата и раст и го основа BeGreator во 2020 година, технолошки стартап кој развива иновативни решенија за да ја олесни транзицијата од образование на работа. На врвот на нејзините секојдневни активности, Леила е исто така член на управниот одбор на Агорија Брисел и учествуваше во Тематската група WEgate 2022 година за Дигитална и зелена транзиција на жени претприемачи.
Мирјана Јосифоска/ Одржлива модна дизајнерка
Мирјана е основачка на првиот македонски дизајнерски бренд на шапки, произведувајќи шапки и модни додатоци за коса од материјали од природно потекло и текстилни остатоци. Брендот има имплементирано zero-waste техники на кроење, со цел намалување на производствениот отпад. Од останатите отпадоци, се изработуваат стегачи за коса, со цел да се елиминира отпадот колку што е можно повеќе. Со 9 годишно искуство во модната индустрија, Мирјана има учествувано на голем број ревии во Скопје, Белград и Љубљана, како и изложби, натпревари, семинари и работилници насочени кон одржлива мода.