Screenshot 2026 04 02

МИР Фондација во срцето на европската индустрија во Париз: Заедно градиме иднина со повеќе можности за жените во индустријата

На 30 и 31 март 2026 година, во Лион и Париз, Франција, се одржа финалниот транснационален партнерски состанок во рамки на проектот EMPOWERING – Empowering M-Women in Industry. Настанот обедини партнери од повеќе европски земји (Македонија, Франција, Полска и Италија) со заедничка мисија – зајакнување на улогата на жените во индустрискиот сектор и создавање поинклузивна, иновативна и одржлива индустриска иднина.

Screenshot 2026 04 02

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување беше активно претставена од извршниот директор Габриела Костовска Богоеска и програмскиот менаџер Емилија Андонова, кои дадоа значаен придонес во дискусиите, размената на искуства и дефинирањето на следните чекори за имплементација и ширење на резултатите.

Првиот ден беше посветен на финализација на клучните проектни активности – управување со проектот, финансиско известување, обезбедување квалитет и подготовка за завршна дисеминација. Партнерите ги усогласија финалните чекори за објавување на резултатите на европската платформа и нивна понатамошна употреба.

Screenshot 2026 04 02

Во фокусот беше и развојот на EMPOWERING Toolkit, вклучувајќи ја LearnHub платформата со над 150 ресурси, како и програмите за градење вештини и идната подготвеност на жените во индустријата. Дополнително, беа разгледани коучинг програмите, вебинарите и системот на отворени беџови – алатки кои имаат потенцијал да создадат долгорочно влијание во европски рамки. Посебен акцент беше ставен на стратегиите за искористување и одржливост на резултатите, преку развој на европски прирачници, white paper документи и конкретни насоки за индустријата и младите жени. Овие активности се клучни за трансформација на индустрискиот сектор во поотворен и еднаков простор за сите.


Вториот ден се одржа во рамки на реномираниот настан Global Industrie во Париз, каде учесниците имаа можност директно да се запознаат со најновите технолошки достигнувања, индустриски трендови и можности за развој на кариера. Особено значаен момент беше учеството на дијалогот „Women in Industry“, кој обедини носители на политики, индустриски лидери и амбасадори на програмата, со фокус на унапредување на позицијата на жените во индустријата.

Во рамки на овој настан беше остварена и средба со Себастијан Мартен, Министер делегиран за индустрија на Франција, што претставуваше исклучително важна можност за директна размена на ставови и приоритети на европско ниво. Оваа средба ја потенцираше важноста на креирање политики кои активно го поддржуваат учеството на жените во индустријата, како и потребата од зајакнување на соработката помеѓу институциите, индустријата и организациите кои работат на полето на иновации и еднакви можности.

Дополнително, беа остварени средби со истакнати жени лидери и организации, како и посети на компании кои работат на решавање на клучни индустриски предизвици, што дополнително ја зацврсти улогата на МИР фондација како релевантен партнер во европски контекст.
Со своето активно учество, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување уште еднаш ја потврди својата улога како релевантен партнер на европско ниво, посветен на поттикнување иновации, јакнење на капацитетите и креирање можности за жените во индустријата. Ова учество претставува значаен чекор кон градење посилни партнерства, размена на знаење и имплементација на решенија кои ќе имаат долгорочно влијание – не само на национално, туку и на европско ниво.

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!