Меѓународен B2B настан за жени претприемачки – Women entrepreneurs: Be prepared to be resilient
На 24 април 2026 година во Стопанската комора на Србија во Белград ќе се одржи меѓународниот B2B настан “Women entrepreneurs: Be prepared to be resilient” наменет за компании предводени од жени кои сакаат да воспостават нови деловни партнерства и да го прошират своето присуство на регионално и меѓународно ниво.

Настанот се организира во рамки на мрежата Enterprise Europe Network и Тематските групи за женско претприемништво и отпорност и подготвеност.
B2B средбите ќе се одржат на 24 април од 14:00 до 17:00 часот, во рамки на тридневна програма посветена на градење отпорни бизниси, стратешко позиционирање и соработка меѓу жени лидери од регионот на Западен Балкан и пошироко.
За кого е наменет настанот?
Настанот е отворен за компании од повеќе сектори, вклучително:
- Производство
- Текстилна индустрија
- Информатички технологии и дигитални услуги
- Консалтинг и бизнис советување
- Агро-прехранбен сектор
- Туризам и угостителство
Станува збор за мултисекторски настан кој овозможува однапред договорени билатерални деловни средби со внимателно селектирани потенцијални партнери.
Зошто да учествувате?
- Структурирани B2B средби со компании со комплементарни интереси
- Можност за воспоставување нови партнерства и извозни соработки
- Проширување на деловната мрежа во регионот
- Размена на искуства и практики за развој на одржливи и отпорни бизнис модели
Настанот претставува одлична можност за вмрежување, професионален дијалог и нови деловни соработки.
Учество
Учеството на настанот е бесплатно. Секој учесник самостојно ги организира и покрива трошоците за превоз и сместување.
За учество на настанот регистрирајте се најдоцна до 17 април 2026 година преку следниот линк: https://forms.gle/bm83tbNqLLfLHNhp7
