Madtech brokerage event 2025

MADtech Brokerage Event 2025 – Меѓународен настан за иновации и вмрежување

На 29 и 30 октомври 2025 година во IFEMA, Мадрид, ќе се одржи првото издание на MADtech Brokerage Event во рамки на Tech Show Madrid 2025. Овој меѓународен настан за вмрежување кој ги поврзува стартапите, малите и средни претпријатија, истражувачите, корпорациите, инвеститорите и јавниот сектор низ цела Европа. Дополнително, настанот нуди можност за онлајн присуство, овозможувајќи пристап за сите заинтересирани.

Madtech brokerage event 2025

Технолошките области кои ги опфаќа настанот:

  • Сајбер-безбедност и криптографија
  • Big Data и напредно пресметување
  • Вештачка интелигенција и машинско учење (AI/ML)
  • Квантна технологија
  • Напредно инженерство и материјали
  • Дигитални решенија за циркуларна економија
  • Применети технологии во специфични сектори

Клучните придобивки од учеството на овој настан вбројуваат:

  • Вмрежување со експерти –Можност за остварување на вредни контакти со експерти, потенцијални партнери, клиенти и истомисленици од цела Европа
  • Збогатување на знаењата – Слушнете инспиративни говорници и стекнете нови идеи, перспективи и стратегии што ќе ви помогнат во понатамошниот развој
  • Запознавање со трендовите – Увид во најновите производи, услуги, трендови и иновации од deep tech областите
  • Претставување на иновации –Презентирајте ги вашите најнови истражувачки проекти, прототипи или технологии пред меѓународна публика
  • Можности за соработка – Можности за R&D соработка, комерцијализација на технологии и нови инвестиции

Учеството на настанот е бесплатно

Обезбедете го своето место преку регистрирање се на следниот линк: https://www.b2match.com/e/madtech-brokerage-event-2025/sign-up/create-account

Искористете ја оваа можност за да ги проширите вашите бизнис хоризонти и да ја зајакнете конкурентноста на вашата компанија!

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!