Јавен повик за избор на ментори за жени претприемачи

Проект: Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR)

new_mentor-LOGO_grey

Проектот new-MENTOR се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија насочена кон поддршка на развојот на женското претприемништво и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Преку проектот менторите ќе имаат можност да се сретнат со други претприемачи-ментори од земјата, регионот и ЕУ со што се отварат можности за вмрежување и деловна соработка.

Менторите можат да бидат мажи или жени кои:
– Имаат 5 годишно искуство во поседување или успешно раководење на мало или  средно претпријатие (МСП)
– Се подготвени да го споделат своето знаење со менторираните преку средби и
консултации на волонтерска база
– Се подготвени за учество во мрежата и посветеност најмалку 12 месеци
– Се подготвени за презентирање на повратни информации како и учење од различни  групи на луѓе

Имаат познавање на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените  претприемачи

– Поседуваат на силни интерперсонални и лидерски вештини

Предности за менторите:
– Ширење на контакти, информации и вмрежување на национално и европско ниво
– Потврда на постоечките вештини и развој на нови
– Стекнување на нови искуства и знаења
– Докажување како лидер и експерт
– Лична сатисфакција и промоција на својата работа и успех во бизнисот

Од менторот се очекува:
– Да се сретне со новите претприемачи (менторирани) еднаш месечно во текот на 12 месеци
– Да дава искрен и конструктивен совет
– Да креира сигурна зона за менторираниот слободно да зборува за проблемите и да му помогне во донесување на клучни одлуки
– Да потпише изјава за доверливост и соработка

Прилог: Апликација за ментори
Да се испрати до Фондација за менаџмент и индустриско истражување најдоцна до 09.10.2011 година, по електронски пат на mir@mir.org.mk или на факс 02 3092 814. Контакт телефон: 02 3077 008, 3092 813.

Повеќе инфромации: за проектот и за менторите.