Краток водич за ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Целта на овој водич е да обезбеди основни информации за постоечките европски, регионални и национални можности за финансирање на дигитализацијата на бизнисите.
Како што напредува технологијата, светот се движи кон дигитално опкружување. Во оваа технолошка еволуција, најчесто ги слушаме следните три различни термини: дигитизација, дигитализација и дигитална трансформација. Дигитизацијата значи претворање на аналогни информации во дигитален облик. Дигитализацијата подразбира поврзување на поединечни дигитални информации во автоматизирани операции, додека пак дигиталната трансформација е процес на интеграција на дигиталните технологии во сите области на работењето, преку дигитален бизнис модел.
Во дигиталната трансформација, дигиталната технологија е инкорпорирана во сите области на бизнисот за суштински да ја подобри ефикасноста во работните текови и да создаде вредност за клиентите. Културните, организациските и оперативните промени се
спроведуваат преку интеграција на дигитални технологии. Дигиталната трансформација им овозможува на бизнисите да се прилагодат на трендовите и опкружувањето во индустријата кои постојано се менуваат.