Cowomen Zkhksse8tuu Unsplash

Консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на социјалниот дијалог, улогата на работодавачите и жените работнички“

Cowomen Ckqkmfzxhai Unsplash

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организира консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на социјалниот дијалог, улогата на работодавачите и жените работнички“, на 21.02.2024 година (среда) во Хотел Солун. Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.

Cowomen Zkhksse8tuu Unsplash

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.

Happy Businesswoman Looking Camera With Holding Pencil Diary

На консултативниот состанок се очекува учество на релевантни чинителите од областа на пристојната работа на работничките (надлежни институции, синдикати, организации на работодавачи, граѓански организации). На состанокот ќе се дискутираат наодите од студијата (Студија за пристојна работа), а заклучоците ќе служат како основа за кратки документи за јавни политики. Краткиот документ за јавни политики кој беше изготвен на првиот состанок може да го погледнете на следниот линк.

Заинтересираните лица може да пријавуваат на следниот линк: https://forms.gle/BGZhbPUaW1F6Gn7Y8