Консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на јавните политики, легислативата и механизмите на заштита на правата на жените работнички“
Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организираше консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг на јавните политики, легислативата и механизмите на заштита на правата на жените работнички“, на 18.12.2023 година (понеделник) во Хотел Солун. Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.
Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.
На консултативниот состанок присуствуваа релевантни чинителите од областа на пристојната работа на работничките (надлежни институции, синдикати, организации на работодавачи, граѓански организации). На состанокот се дискутираа наодите од студијата, а заклучоците ќе служат како основа за кратки документи за јавни политики кои ќе бидат креирани како резултат од овој состанок.