Конференција за Промовирање на нови можности за вработување во прекуграничниот регион
Со особено задоволство и чест Ве покануваме да ни се придружите на 25-ти април (четврток) во Центар за култура „Ѓорче Петров“, со почеток во 11 часот, да го обележиме почетокот на проектот „Премостување на родовиот и возрасниот јаз на пазарот на труд преку градење капацитети и промовирање на нови можности за вработување во прекуграничниот регион (ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места) “
Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР во партнерство со Здружението на бизнис жени во Србија, Здружението на бизнис жени Врање и здружението Праведни и Професионални. Целта на проектот е зголемено учество на жените, младите и ранливите групи на жени на пазарот на труд преку воведување иновативни пилот мерки за нивна поддршка.
На промотивната конференција ќе бидат презентирани проектните цели и активности, како и можностите за вклучување во проектот и бенефитите за главните целни групи (надлежни институции, работодавачи, граѓански организации). Дополнително, свој осврт на темата ќе дадат и релевантни чинители во оваа област.
Би Ве замолиле Вашето присуство да го потврдите по е-пошта или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/YCdD7TLrMwjgWyuK9
Агенда
10:30 – 11:00 | Пристигнување и регистрација на учесниците |
11:00 – 11:10 | Поздравно обраќање – Тинка Китеска – Претседател на здружението Праведни и професионални |
11:10 – 11:30 | Проектни цели и активности – Миа Ботинова Димитрова – Менаџер за комуникации во Фондација за менаџмент и индустриско истражување – МИР |
11:30 – 12:00 | Панел дискусија број 1: Родовиот јаз на пазарот на труд – Обраќање на претставници од Комисиите за еднакви можности на мажите и жените од општините „Ѓорче Петров“ и „Бутел“ – Обраќање на претставник при женската група на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија |
12:00 – 12:30 | Панел дискусија број 2: Поддршка за зголемена вработливост на младите – Обраќање на претставници од граѓанскиот сектор кои соработуваат и работат кон подобрување на положбата и вработливоста на младите – Обраќање на претставник од Националниот младински совет на Македонија |
12:30 – 13:30 | Затворање на настанот и коктел за вмрежување |
Лице за контакт:
Миа Ботинова Димитрова
communication@mir.org.mk