Screenshot 2024 11 21 135143

Како до поголема вработливост и напредок на жените во индустријата

1

На 17 ноември 2024 година, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување успешно го организираше вебинарот „Како до поголема вработливост и напредок на жените во индустријата“. Настанот се одржа онлајн и привлече учесници од различни сектори, вклучувајќи претставници од индустријата, академската заедница, граѓанскиот сектор како и жени од милениумската генерација кои работат во индустрискиот сектор.

Screenshot 2024 11 21 135143

Вебинарот се фокусираше на клучните предизвици и можности за зголемување на застапеноста на жените во индустрискиот сектор, истовремено нудејќи практични решенија за нивно професионално унапредување.

Главни теми на вебинарот:

  • Разбирање на бариерите: Како до надминување на традиционалните стереотипи и културните норми и како тие влијаат врз вработувањето и напредокот на жените.
  • Механизми за поддршка: Програмите за менторство, обуки и други иницијативи кои го олеснуваат професионалниот развој.
  • Реформи во образованието и индустриските политики: Како да се создаде инклузивно работно опкружување и да се поттикне еднаквоста.
  • Споделени успешни приказни во делот на како да се дојде до зголемување на вработливоста на жените во индустријата и што од искуство како вештини и обуки им треба на девојките/жените и на работодавачите.
Screenshot 2024 11 21 134015
Screenshot 2024 11 21 134110
Screenshot 2024 11 21 134520

На настанот учествуваа експерти и лидери од индустријата:

  • Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет УКИМ & Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење
  • Полексена Јанкуловска, ИМЛЕК
  • Сања Стојковска, МОТИВИ
Screenshot 2024 11 21 133709

Учесниците го оценија вебинарот како исклучително корисен, нагласувајќи ја важноста на практичните совети и инспиративните примери презентирани од говорниците.

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување останува посветена на промовирање на родовата еднаквост и инклузија во сите сектори и веќе работи на организирање нови активности за 2025 година.

Screenshot 2024 11 21 133637

Проектот EMPOWERING (EMPOWERING – EmpoweRING M-women in industry) е посветен на жените од милениумската генерација (родени помеѓу 1980 и 1995 година) кои работат во индустријата за производство, со мисија да ја поддржи нивната професионална едукација, унапредување на вештините и можностите за развој на кариерата. Нашата цел е не само да ја зајакнеме вашата позиција во индустријата, туку и да промовираме европска соработка и мрежно поврзување, кои се клучни за успех во денешниот свет.

Посебна карактеристика на проектот EMPOWERING е неговата посветеност на инклузивност и широка достапност. Сите резултати и ресурси на проектот се достапни на седум јазици (англиски, француски, македонски, италијански, полски, норвешки, украински) за да се осигура дека различен опсег на учеснички може да ги користи и да има придобивки од понудата на проектот. Овој повеќејазичен пристап значително го проширува влијанието на проектот, задоволувајќи ги потребите на жените од различни јазични средини и промовирајќи поинклузивна средина.

Проектот EMPOWERING е иновативна иницијатива, управувана од конзорциум на пет искусни европски организации, секоја со уникатна експертиза во образованието за возрасни, зајакнување на жените и нови технологии. Проектот се имплементира од страна на: IPRA/MEDEF од Франција, Fundacja Digital Creators од Полска, Confindustria Toscana Servizi од Италија, European Centre For Women And Technology од Норвешка, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување од Македонија.

Ако го испуштивте овој вебинар или сакате да го слушате повторно следете го следниот линк: