1

Интервју со Елисавета Дончева: Градење кариера и влијание на жените миленијалки во машинството

Создадовме платформа за жени миленијалки кои работат во индустријата и се подготвени да ги споделат своите успешни приказни. Започнавме серијал интервјуа каде ги пренесуваме нивните инспиративни искуства и успеси, ставајќи акцент на жените што го трансформираат светот околу себе. Разговараме со проф. Д-р. Елисавета Дончева, редовна професорка на Машински факултет при Универзитет  „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

1

Можете ли да ни кажете повеќе за компанијата во која работите и нејзината цел?

Машинскиот факултет во Скопје, e дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и е водечка техничка институција основана во 1965 година, специјализирана за области на машинското инженерство како што се материјали, производство, термоенергетика, хидраулика, транспорт, автоматизација и мехатроника. Ги унапредува истражувањата  во областите преку континуирана соработка со индустријата и факултетите во земјава и странство.  Нуди додипломски, магистерски и докторски програми усогласени со потребите на индустријата и Болоњските стандарди.

Со какви предизвици сте се соочиле како жена миленијалец која работи во вашата индустрија, и како сте ги надминале?

Како и секоја жена во машки-доминирана индустрија, се соочував со предизвици поврзани со родови стереотипи кои го ограничуваат мојот напредок. Стандардниот синдром које  е наметнат од средината, е преиспитување на својата експеритиза и знаење и покрај стекнатите квалификации, кое резултира со постојана потреба за самодокажување и докажување во околината, енергија која можеше  да се искористи за подобрување на работата во институцијата или за дополнително усовршување кое ќе придонесеше повеќе успех во науката. Надминувањето на  овој предзивик дојде кога добив надворешни признанија од соработници, институции, организации па и од студентите кои постојано го искажуваа нивното задоволство и инспирација за заедничка работа.

Кои компетенции или вештини сметате дека се највредни за жените миленијалци на работното место, и зошто?

Отпорноста, упорноста, прилагодливоста и емоционалната интелигенција би ги издвоила  како највредни компетенции. Ова  е тоа што мене ми помагна да ги надминам родовите стереотипи и она наметнатото чувство за неприпрадност и неспособност. Со дисциплината, вербата во себе и упорноста успеав да се стекнам со  лидерски вештини кои сега не само што ми помагаат на мене туку истите ги користам за да им помогнам на сите на кои им е тоа потребно без разлика на полот или возраста.

20251006

Како жените миленијалци можат да продолжат да ги развиваат и усовршуваат своите вештини во индустријата?

Милениумските жени во инженерството можат да ги усовршат вештините преку континуирано учење, учество во менторски мрежи и проекти кои се прилагодени  на индустријата и нивните потреби.

Како сметате дека жените миленијалци носат уникатна перспектива во индустријата во споредба со претходните генерации?

Миленијалките внесуваат уникатна перспектива во инженерството преку прилагодливост и користење на дигитални алатки, фокус на одржливост и ефикасност, акцент на инклузивно лидерство базирано на емпатија, различност и ментално здравје, стимулирајќи соработка и менторство наспроти ригидните хиерархии на претходните генерации за поголема креативност.

Како ја гледате улогата на менторството и поддржувачките мрежи во напредокот и успехот на жените миленијалци на работното место?

Менторските мрежи и мрежите за поддршка го поттикнуваат успехот на жените од милениумската генерација преку нудење насоки, градење вештини, вмрежување и отпорност, создавајќи добар и контиуниран циклус на јакнење. Преку нив може да се обезбедат корисни совети за справување со предрасуди и предизвици во лидерството, да се  побарува одговорност од страна на врсниците за одредени постапки или несвесни мислења, споделување на материјали и извори  и  најважно е што може да се обезбеди видливост за напредокот. Истовремено ја засилуваат самодовербава за менторство и усогласеноста со инклузивните цели.

Elisaveta Doncheva


Проф. Д-р. Елисавета Дончева

Редовна професорка на Машински факултет при Универзитет  „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!