Banner 2 (1)

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување преку Enterprise Europe Network а во соработка со Совет за женско претприемништво на Град Скопје спроведува обука на тема: ,,Правата од интелектуална сопственост и вашиот бизнис”

Banner 2 (1)

Краток опис на обуката:
На оваа работилница учесниците ќе имаат можност да научат како да препознаат, заштитата и управуваат со нивните средства од интелектуална сопственост, и како истите може да им помогнат да создадат дополнителен приход за нивните компании или претприемнички бизниси.

Темите кои ќе бидат опфатени се:
• Трговски марки
• Патенти
• Индустриски дизајн
• Авторско право
• Географски ознаки
• Трговски тајни
• Меѓународна заштита
• Финансирање и вреднување
• Придобивки од IP заштита

Цели на обуката:
Интелектуалната сопственост е една од клучните акции за стартап бизнисите и малите и средните претпријатија – бидејќи создава нови вредности и нови начини за монетизација на тие вредности.

Преку оваа обука учесниците ќе се запознаат со можностите како да:
• ги зголемат нивните шанси за добивање инвестиции
• заштитат сопствените производи и услуги од конкуренцијата
• рапидно да го зголемат својот пазарен удел
• создадат стратешки партнерства и заеднички вложувања
• ги зголемат ги нивните шанси за преговарање / преземање од поголеми корпорации
• успешно се подготват за IPO – иницијална јавна понуда на акции на берза
• ги зголемат шансите за брз раст и развој
• имаат можност за создавање мултимилионски бизнис

Методологија:
Интерактивна презентација преку практични меѓународни примери, домашно и меѓународно законодавство, студии од реален случај и употреба на сценарија

Предавач: Гого Рафајловски, Оперативен директор на SEEUTechPark и консултант за Интелектуална Сопственост со преку 15-годишна кариера во Стартап Центри, Инкубатори, Акцелератори и Технолошки Паркови, менторирано над 100 бизниси.

А Г Е Н Д А Среда, 31 Мај, Скопје Време:  11:00 – 13:30ч
11:00 – 12:00Воведно обраќање     Вовед во интелектуалната сопственостЗа обучувачот За програмата Теми на работилницата
Поими, дефиниции, функции Регистрација Видови Примери, студии на случај
12:00 – 12:30Пауза и вмрежување
12:30 – 13:00Бизнис аспекти на интелектуалната сопственостПроцес на иновации Нематеријален капитал Вреднување на интелектуалната сопственост Трансферирање на правата Инвеститори
13:00 – 13:15Клучни поенти – што треба да се запомни8 клучни поенти
13:15 – 13:30Сесија за прашања од учесниците & евалуација