EWA Македонија 2025: Пичинг и демо ден на жени иноваторки во земјоделско-прехранбениот сектор
На 20 ноември 2025 година, во Public Room – Скопје, ќе се одржи финалниот EWA Македонија 2025: Пичинг и демо ден на жени иноваторки во земјоделско-прехранбениот сектор . Настанот ќе ја заокружи шестмесечната програма Empowering Women in Agrifood (EWA), поддржана од EIT Food и организирана од Фондација за Менаџмент и индустриско истражување. Овој ден ќе биде посветен на жените иноватори кои развиваат решенија за поодржлив земјоделско-прехранбен сектор во Македонија.
EWA Македонија 2025 ќе ги обедини жените претприемачки, менторите и клучните актери од екосистемот на иновации во земјоделско-прехранбениот сектор. Настанот ќе претставува завршување на програмата во која учесничките, со поддршка на своите ментори, ќе ги презентираат своите иновативни идеи и решенија пред жири-комисија и публика.

Програмата ќе започне со поздравни излагања од Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и национална координаторка на програмата EWA, како и од Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.



Публиката ќе има можност да го проследи мотивацискиот говор на д-р Жарко Костиќ, тренер за личен развој, кој ќе ја отвори програмата со своето излагање „Не секој чекор е совршен — но секој чекор се брои“, потсетувајќи дека растот и успехот се резултат на секој направен обид и упорност. Покрај двете Pitch сцени, каде учесничките ќе ги презентираат своите иновативни проекти, настанот ќе понуди и инспиративно предавање од д-р Марија Ѓошева – Ковачевиќ од Земјоделскиот институт – Скопје, на тема „Иднината на земјоделско-прехранбениот сектор“.



Во свечениот дел на настанот ќе бидат прогласени победничките на програмата EWA Македонија 2025, со доделување на парични награди и признанија за најиновативните и најперспективни бизнис идеи во земјоделско-прехранбениот сектор. Настанот ќе го затвори Емилија Андонова, програмска директорка на Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и ко-координаторка на EWA во Македонија, со порака за охрабрување и понатамошна поддршка на жените претприемачки во овој сектор.



Ги покануваме сите заинтересирани претприемачи, студенти, организации и компании да ни се придружат на овој инспиративен настан, да ја запознаат новата генерација на жени иноватори и да бидат дел од заедницата што ја гради иднината на земјоделско-прехранбениот сектор.
Регистрирајте се преку следниот линк: https://forms.gle/3jFNBVuocYUKN4XP9

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување непрофитна организација која се фокусира на поддршка на иновациите, трансферот на технологии и родовата еднаквост во истражувањето и претприемништвото. Задоволство е што во Македонија за прв пат сe имплементира оваа програма од страна нашата фондација. Истражуваме и иновираме за да го поддржиме растот на економијата и општеството. Соработуваме со претпријатијата за да им помогнеме да се развиваат и да пристапат до глобалните пазари. Промовираме еко-иновации за генерирање на бизнис можности. Ја поттикнуваме социјалната кохезија во насока на економски развој и одржлив раст.

