Screenshot 2025 11 14

Дводневен SCALEUP БУТКАМП 2025: буткамп за финансирање, дигитализација и раст на скејл-ап претпријатија

На 13 и 14 ноември 2025 година, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување го организираше ScaleUP Буткамп 2025: буткамп за финансирање, дигитализација и раст на скејл-ап претпријатија, настан кој ги собра компаниите подготвени да го унапредат својот раст преку технологија, иновации и паметно финансирање. Настанот овозможи интерактивни сесии, експертски презентации и студии на случаи, со цел учесниците да најдат практични решенија за своите предизвици.

За време на буткампот, учесниците имаа можност да се запознаат со:

Раст преку дигитализација:

  • како да користат податоци и вештачка интелигенција за подобро донесување одлуки;
  • како да изградат култура на дигитална иновација во компанијата;
  • како да го задржат балансот меѓу брзината и стабилноста при раст.

Иновации, финансии и проширување на пазарот:

  • преглед на најновите технологии: вештачка интелигенција, blockchain и IoT;
  • техники за ко-креирање, брзо прототипирање и Design Thinking.
  • подготовка и презентација на успешен инвеститорски пич.

Компаниите кои учествуваа на ScaleUP Буткамп 2025 добија:

  • конкретни знаења и алатки за дигитално скалирање и управување со растот;
  • насоки и практични совети за пристап до инвеститори, фондови и европски програми за поддршка;
  • можност за размена на искуства и вмрежување со претприемачи, експерти и инвеститори кои го обликуваат бизнис екосистемот во Македонија.

Буткампот заврши со симулација на пичирање пред панел на експерти, кои им дадоа директна повратна информација и насоки за понатамошен развој на компаниите.

Настанот беше организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во соработка со Enterprise Europe Network Macedonia и проектот POLICY ANSWERS.

Овој настан е во согласност со препораките и приоритетите утврдени во ТвинТек Конект 2025 Комунике, во кое е нагласена потребата од зајакнување на дигиталните капацитети, унапредување на иновациската култура и поттикнување на соработката меѓу различни актери во екосистемот, како предуслов за понатамошен развој и премин кон Индустрија 4.0. Преку овој дводневен буткамп, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и нејзините партнери ги претвораат препораките од Комуникето во практична акција – поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација и зголемување на нивната ефикасност и конкурентност.

Scaleup bootcamp 2025

Добивај информации по е-пошта

Биди во тек со сите активности!