Финална конференција: Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ
Финална конференција за вмрежување на тема: Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ и Националниот Совет за Женско Претприемништво (НСЖП) го прославува Светскиот ден за женско претприемништво WED 2018
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска организираат финална конференција за вмрежување на тема: Женско претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ како и прославување на Светски ден за женско претприемништво. Финалната конференција за вмрежување е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Финалната конференција за вмрежување ќе се одржи на 19 и 20 ноември 2018 година во Холидеј Ин Хотел.
Финалната конференција за вмрежување ќе содржи 4 панел дискусии каде претставници од различни Министерства, институции, организации и компании ќе споделат искуства, знаење и информации на специфични теми. Преку овој настан ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачи кои се битни за претприемништво како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до пошироката јавност. На финалната конференција за вмрежување ќе земат присуство повеќе од 100 учесници од целата држава. Ќе има и б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.
- Пријавувањето за учество на конференцијата се реализира преку пополнување на формулар за учество на следниот линк: https://goo.gl/forms/ZvCOk20Q2dZtcxv62
- Пријавувањето за б2б средбите се реализира преку регистрација на следниот линк: http://wecontribute.talkb2b.net/page/2/Program
Во прилог е агендата за конференцијата: