Тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво
На 05-ти октомври 2018 (петок), во Хотел Порта во Скопје со почеток од 12:30 часот, ќе се одржи тркалезна маса на тема „ Едукација – линк со претприемништво “. Настанот е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Проектот e имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.
На настанот ќе бидат презентирани практики од претприемништвото и образованието од Професор од Економски факултет како и споделени искуства преку едукација за претприемништво до успешни стартап приказни од претставник од Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ).
Преку овој настан ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации кои се битни за претприемништво како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до пошироката јавнос
Агендата на настанот е следна:
12:30 – 13:00 | Регистрација на учесниците |
13:00 – 13:10 | Отворање и воведно обраќање од проектниот тим |
13:10 – 13:25 | Претприемништвото и образованието Доц. д-р Моника Ангелоска – Дичовска, Економски Факултет, Прилеп |
13:25 – 13:40 | Преку едукација за претприемништво до успешни стартап приказни Маја Лукарова, Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) |
13:40 -14:20 | Дискусија помеѓу претставници од засегнати страни и институции/организации кои работат на поддржување на претприемништво |
14:20 | Коктел |