Покана за јавна расправа: Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив развој од Хрватска Ве покануваат на настан – јавна расправа на тема Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?
Настанот е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Јавната расправа ќе се одржи на 01 јуни 2018 година во Хотел Порта со почеток во 12:30 часот.
На настанот ќе бидат дискутирани теми кои се релевантни за женското претприемништво и што ги засега жените претприемачи структурирани во три дела:
- Влада – Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?
- Финансии – Пристап до финансии и отворени програми за поддршка на претприемништво
- Прашања – Кои се прашањата кои сакате да ги поставите до релевантни институции/Министерства кои се однесуваат на развојот на претприемништво?
Јавната расправа ќе поттикне дискусија помеѓу жените претприемачи од која ќе произлезат и прашања кои се битни за жените претприемачи во Македонија како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до релевантните институции/Министерство
АГЕНДА |
|
12:30 – 13:00 | Регистрација на учесниците |
13:00 – 13:10 | Отворање и воведно обраќање |
13:10 – 14:15 | Јавна расправа |
14:15 – 14:30 | Прашања и одговори |
14:30 | Коктел |
Во прилог е линкот за пријавување на настанот: https://goo.gl/FU2FNB
Контакт лице: Емилија Андонова emilija.andonova@mir.org.mk 02 3103 674
Би ни прeтставувало особено задоволство доколку ни се придружите на настанот.