Konkurs Za Inovativna Kompanija Na Godinata Logo 01

Национален конкурс „Иновативно претпријатие на годината“

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од ЕУ, објавува конкурс до сите компании регистрирани во државата за избор на „Иновативно претпријатие на годината“.

Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Овој конкурс ги препознава и наградува иновативните компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година). Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории: старт-ап, мала и средна компанија. Конкурсот е отворен за сите индустриски сектори.

Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај во Скопје. Добиените средства компанијата ќе може да ги искористи за следниве цели:

• Заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата
• Посета на меѓународни саеми, конференции, б2б настани
• Купување опрема

Компаниите треба да аплицираат преку пополнување на форма за апликација во зависност од типот на нивната иновација и пополнетата апликација да ја достават на info@yes.org.mk најдоцна до 25 април. Повеќе информации можат да бидат побарани на contact@yes.org.mk или на 02 3108-891.

Форма за апликација  – Иновација (производ/услуга)
Форма за апликација – Иновација (процес)

 

Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории:

1. Најиновативна старт-ап компанија

• Не постара од 5 години од датумот на објавување на повикот, т.е. регистрирани по 20.03.2014 година
• < 10 вработени
• ≤ 50.000 ЕУР бруто годишен приход, изразен во МКД

2. Најиовативна мала компанија

• ≤ 50 вработени, (и)
• ≤ ЕУР 2 милиони годишен приход изразен во МКД и ≤ ЕУР 2 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива) изразен во МКД (или)
• Просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е помала од ЕУР 2 милиони изразен во МКД

3. Најиновативна средна компанија

• ≤ 250 вработени, (и)
• ≤ 10 милиони ЕУР годишен приход, изразен во МКД, (или)
• < ЕУР 11 милиони годишен обрт (вкупни средства во актива), изразен во МКД
* Класификацијата е направена согласно Законот за трговски друштва.

Индкативна временска рамка
• 29 април – 3 мај Фаза 1 (Административна проверка)
• 06 мај – 17 мај Фаза 2 (Пред-селекција): Теренска посета на апликанти
• 20 мај – 27 мај Фаза 3 (Селекција): Квалитативна евалуација од комисија за избор
• 29 мај Прогласување на победници на манифестација „Иновативно претпријатие на годината “

Правила и услови на конкурсот

• Конкурсот е отворен само за македонски компании, т.е. компании регистрирани во државата.
• Иновацијата со која компанијата аплицира не треба да биде постара од 3 години, т.е. да биде лансирана на пазарот во периодот од 2016 до 2018 година.
• Една компанија може да поднесе само една апликација. Доколку компанијата сака да аплицира со повеќе иновации во тој случај во апликацијата треба да се наведат сите иновации.
• Сите заинтересирани компании треба да аплицираат најдоцна до 25ти април 2019.
• Компаниите по завршување на рокот за аплицирање ќе бидат контактирани за интервју каде ќе треба да ја претстават својата иновација.
• Прогласувањето на победниците ќе се одржи на манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината“ на 29 мај во Скопје.
• Со самото аплицирање на конкурсот се согласувате да бидете дел од промотивна кампања на конкурсот и Вашите контакти да бидат споделени со јавноста.
• Комисијата за оценување на апликантите ќе биде составена од претставници на релевантни чинители во областа на иновациите.

 

Напомена: Финансиските податоци на фирмата ќе бидат третирани со највисока доверливост и ќе бидат споделени само со членовите на комисијата за евалуација.