Бизнис‐коктел: „Жените претприемачки заедно за успех – што ни е потребно на патот наречен претприемништво?“
Во одлична атмосфера, беше одржан бизнис‐коктелот на тема „Жените претприемачки заедно за успех – што ни е потребно на патот наречен претприемништво?“. Настанот беше дел од промотивната кампања „И јас сум претприемач“ воедно го одбележа и Светскиот ден на жената претприемачка (WED) во Хотел Мериот на 17 ноември 2017, Скопје, во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија.
Здружението на бизнис жени и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, заедно со повеќе од 30 жени претприемачи, дискутираа за постоечките проблеми на жените претприемачи во Македонија и можни решенија на ниво на политики и институционална поддршка, за нивно надминување.
Во прилог е документ за политики (Policy brief), кој произлезе од отворената дискусија во текот на настанот:
Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” e финансиран од Европската унија, a го имплементираат Фондација Претприемачки сервис за млади (Фондација ПСМ), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување (Фондација МИР), Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.