Onlajn Kurs

Бесплатни ресурси за трансфер на технологии и онлајн курс за интелектуална сопственост

Во рамките на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија, имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување беа изработени неколку реусрси.

 


Извештај од истражувачка студија за трансфер на технологии: 

Целта на овој извештај е да ги презентира наодите и препораките од истражувачката студија за трансфер на технологии, спроведена како длабинска анализа на моменталните состојби во земјата. Во првиот дел извештајот прави осврт на концептот на трансфер на технологија, со посебен нагласок на карактеристиките и нормативните барања за процесот на трансфер на технологија. Анализата на националните состојби со трансферот на технологии ги зема предвид моменталните состојби во претприемачкиот сектор, ја анализира националната правна рамка за трансфер на технологија, како и националната институционална рамка за трансфер на технологија. Третиот дел од извештајот нуди преглед на препораките за креирање на ефективни политики за технолошки развој, при што е направен осврт на можностите за подобрување на трансферот на знаење помеѓу академската средина и индустријата, на препораките за формулирање на ефективни јавни политики за трансфер на технологии развиени од страна на приватниот сектор, како и на одредени насоки за унапредување на состојбите со човечкиот капитал како еден од носечките фактори за успешен процес на трансфер на технологија.

Извештајот од истражувачката студија за трансфер на технологии  може да го погледнете на следниот линк: Извештај ТТ


Кратка анализа: 

Во овој документ се претставени заклучоците и препораките од спроведената истражувачка студија за трансфер на технологии што се фокусираше на развојните потенцијали, предизвици и трендови, како и на чинителите од иновацискиот еко-систем и нивните тековни активности. Препораките и наодите од студијата се наменети за креаторите на јавните политики засегнати со унапредувањето на соработката меѓу индустријата и академскиот сектор, со креирањето услови за подобар трансфер на технологии кон приватниот сектор и од него, како и со унапредувањето на човечкиот капитал како главен носител и двигател на технолошкиот развој во една земја.Овој водич е посебно корисен за младите организации, кои немаат искуство во развој на политики и сознанија за партиципативното учество. Во последните години евидентен е забрзаниот подем на голем број граѓански организации – како резултат на нови проблеми и предизвици, кои произлегуваат во општеството, но резултат и на глобализацијата, ИТ трендовите, предизвиците на животната средина, родовите проблеми и сл.

Кратката анализа може да ја погледнете на следниот линк: Кратка анлиза


Прирачник за трансфер на технологии: 

Целта на овој прирачник е да ги анализира некои од основните прашања поврзани со трансферот на технологии. Прирачникот е составен од извршно резиме, четири дела и заклучок. Во првиот дел се анализирани поимот, видовите, улогите и основните карактеристики на процесот на трансфер на технологија, како и поврзаноста на иновациите и трансферот на технологии. Вториот дел е посветен на универзитетскиот трансфер на технологии со нагласок на центрите за трансфер на технологии и одредени поими од полето на интелектуалната сопственост. Во третиот дел на прирачникот претставени подетално се фазите на процесот на трансфер на технологија – од пронајдок до комерцијализација. Последниот дел презентира селектирани добри практики од областа на трансферот на технологии од паневропски и национални размери, со особен фокус на практики на европските земји, вклучувајќи ги практиките на земјите од регионот и нашата земја. Заклучокот дава сублимиран преглед на процесот на трансфер на технологии и универзитетскиот трансфер на технологии, а е заокружен со издвојување на неколку релевантни дефиниции од областа на трансферот на технологии.

Прирачникот за трансфер на технологии може да го погледнете на следниот линк: ПРИРАЧНИК 


Онлајн курс за Интелектуална сопственост: 

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на компании кои сакаат да ги унапредат своите знаења во пет модули:

Модул 1 – Комерцијализација на интелектуалната сопственост

Модул 2 – Договори за интелектуална сопственост

Модул 3 – Договори за неоткривање (доверливост)

Модул 4 – Лиценцирање технологија

Модул 5 – Управување на интелектуалната сопственост при отворените иновации

Овој онлајн курс е дел од активностите на проектот ,,Промовирање на соработката меѓу истражувачките организации и бизнис секторот преку градење капацитети за трансфер на технологии”, кофинансиран од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Enterprise Europe Network во Македонија. Проектот е имплементиран од Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

За да го следите курсот на оваа платформа потребно е претходно да се регистрирате на следниот линк:http://pretpriemacedu.mk/?page_id=382