Фондација за менаџмент и индустриско истражување ко-организатор на RENEXPO®
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување беше ко-организатор на првиот RENEXPO® саем во Македонија што се одржа на 03 и 04 декември 2019 година во Скопје, а во чии рамки посетителите има можност да се информираат за можните одржливи решенија за енергетските потреби на земјата, како и за решенија за заштита на животната средина.
Во рамките на саемот беа одржани повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, беа изложени иновативни решенија на компании од секторот и беа организирани б2б средби за вмрежување на компании. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на своите активности како дел од Enterprise Europe Network во Македонија беше задолжена за организирање на б2б средбите коишто овозможија поврзување, размена на искуства и договорање на деловна соработка помеѓу над 50 компании од Македонија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора.
Во склоп на саемот Фондацијата исто така ја организираше и работилницата за ,,Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси” којашто им овозможи на македонските компании поблиску да се запознаат со различните видови права од интелектуална сопственост со посебен осврт на современите текови, искуства и примери за воспоставување, одржување и заштита на права од индустриска сопственост поврзани со енергијата од различни видови, енергетската ефикасност, управувањето со водни ресурси и начини на ефикасно искористување на истите, управување со отпад.
Саемот со конференциите и б2б средбите допринесоа со своите содржини и структура да ги приближат поблиску темите за енергетска ефикасност, отпад и вода притоа поставувајќи го овој настан меѓу најзначајните манифестациии во регионот во оваа област.