Повик за набавка на услуга: ангажирање на обучувачи за одбрани теми од Поглавје 20
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)”, објавува повик за набавка на услуга: ангажирање на обучувачи за одбрани теми од Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика
Повеќе детали во документот во прилог: Барање за обучувачи_YESN+
Краен рок за доставување на понудите е понеделник, 12.03.2018 година до 16:00 часот. Понудите се доставуваат по електронски пат на gabriela@mir.org.mk со назнака за која обука се аплицира.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015 година.