Компанијата „ММ Дисоски“ како дел од програмата EEN-ScaleUP
ММ Дисоски, компанија за развој на софтвер и онлајн маркетинг, е дел од scale-up програмата на мрежата Enterprise Europe Network во Македонија (EEN-ScaleUP) од октомври 2017та година. Компанијата обезбедува креативни решенија од областа на веб дизајнот, мобилните и веб апликации и интернет промоцијата. Континуирано работи на развој на нови, сопствени продукти вклучувајќи едукативен софтвер и интернет пребарувач за деца, различни мобилни апликации – за преглед на дневен печат, пронаоѓање на сервисни услуги за автомобили, за онлајн маркетинг, и слично. Како дел од програмата EEN-ScaleUP, беше направена проценка на потребите на компанијата и подготвен е акционен план за интернационализација и пристап до извори на финансирање, вклучувајќи советодавни и партнерски услуги. Компанијата учествуваше во настани за градење на капацитети што овозможија обезбедување на грант за развој на нов производ, а континуирано се работеше и на барање на партнери за олеснување на настапот на нови, странски пазари.
„Enterprise Europe Network ми помогна да ги идентификувам вистинските финансиски инструменти за потребите на нашата компанија. Добивме и стручна помош за подобро дефинирање на нашиот пристап кон управувањето на интелектуалната сопственост на компанија. И најважно, мрежата ни помогна да најдеме странски партнер којшто не само ќе ни овозможи пристап до ЕУ пазарот, туку и ќе овозможи проширување на портфолиото на нашите продукти и услуги“ – изјави г-ѓа Валентина Дисоска, управител на компанијата и истакната жена претприемач.