Барање за прибирање на понуди за набавка на услуга – ангажирање на обучувач на тема „Мониторинг и евалуација на политики”
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување има потреба од ангажирање на:
• 1 (еден) обучувач за еднодневна обука на тема „Мониторинг и евалуација на политики” со следните индикативни предлог под-теми:
- Што претставува мониторинг и евалуацијата на политиките
- Цел на мониторингот и евалуацијата (унапредување на квалитет, процес на ефективно учење, известување, застапување и слично)
- Методи и алатки за мониторинг и евалуација на политики
- Излези и импакт од мониторингот и евалуацијата на политики
Во прилог е барањето за прибирање на понуди за набавка на услуга – ангажирање на обучувачи за одбрани теми од Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика.
Краен рок за доставување на понудите е понеделник, 12.03.2018 година до 16:00 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според пропозициите на барањето, нема да бидат земени предвид.
Понудите се доставуваат по електронски пат на gabriela@mir.org.mk со назнака за која обука се аплицира. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат на писмено на наведената е-пошта.