Работилница: Mожности за подобрување на еколошките перформанси на малите и средни претпријатија
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во рамките на проектот GREEN организира работилница на тема: Mожности за подобрување на еколошките перформанси на малите и средни претпријатија (09:30 – 12:30/ 23 март 2012 петок), во Стопанска Комора на Македонија. Работилницата е наменета за претставници од мали и средни претпријатија од Македонија. Работилницата за претпријатијата е бесплатна.
ТЕМИ:
1. Можности за следење на информации и технологии од областа на животна средина на регионално и европско ниво (ECO-INNO CENTRE)
2. Подобрување на продуктивност, намалување на трошоци за енергија и осигурување, компатибилност со законската регулатива – ISO 14001
3. Подобро еколошко работење, пристап до нови пазари, зголемен кредибилитет кај европски партнери – EMAS
4. Проект GREEN резултати и идни планови
Работилницата ќе биде од интерактивен карактер со практични и применливи информации и претставува одлична можност за размена на искуства и контакти за идна соработка..
Работилницата е организирана во соработка со FOOD CONSULTING – друштво за консултантски услуги
Контакт информации и пријавување:
За да се пријавите за учество пополнете ја пријавата која ќе ја најдете тука и испратете ја на emilija@mir.org.mk.
Контакт за повеќе информации: Емилија Велковска тел. 02 3077 008/ 02 3092 813
Рокот за пријавување на учество е до 22.03.2012 (четврток).
[av_gallery ids=’3795,3798,3800,3801,3802,3803,3804,3805,3806,3807′ style=’big_thumb’ preview_size=’gallery’ crop_big_preview_thumbnail=’avia-gallery-big-crop-thumb’ thumb_size=’gallery’ columns=’5′ imagelink=’lightbox’ lazyload=’deactivate_avia_lazyload’]